• >>
  • За нас

За нас

ЦРАС е компанија со седиште во Скопје, Македонија основана во 2008 година.

Основната дејност на компанијата е изведување на работи од областа на автоматизација на индустриски, електроенергетски и термоенегретски процеси. Под изведување на работите се подразбира изработка на проектна и техничка документација, асемблирање и испорака на потполно тестирани командно-разводни електро ормари, имплементација на современа квалитетна опрема за автоматско управување, изработка на апликативни PLC, HMI и SCADA софтвери, пуштање во работа и изработка на проектна документација за вградената опрема.  Вршиме реализацијата на проекти за автоматско управување во согласност со клиентите до ниво “клуч на рака”.Исто така вршиме квалитетен сервис на испорачаната опрема во гарантен и во вонгарантен рок.

Наша основна задача е задоволување на барањата на клиентите со обезбедување на професионална и квалитетна услуга. Во нашата работа постојано  ги следиме на најновите трендови и технологии, со цел да им понуди на клиентите највисок квалитет на услуга.  Ваквиот пристап, долгогодишното искуство, константното усовршување и модерната техничка опременост ни овозможија проширување на мрежата од партнери и многубројни задоволни клиенти.

Потпирајќи се на модерена и квалитетна опрема,  долгогодишното искуство и оригинален метод на проектирање и изведување на работите, ние сме во можност да понудиме реализација на комплексни проекти, автоматизација на процесите во прехрамбената индустрија, металната индустрија, градежната индустрија...

Ние сме застапници и дистрибутери за широк асортиман на опрема од реноминираните светски прозиводители:

  • “SAACKE” (Германија) – Горилници и управувчки ситеми за истите
  • “BOSCH” (Германија) – Парни и топловодни котли
  • “Danfoss” (Данска) – Фреквентни регулатори и индустриска автоматика
  • “VIPA” (Германија) – PLC управувачки системи
  • “Alfa Laval” (Шведска) – Процесна опрема
  • “PETROPROCES” – Системи за континуиран мониторинг на издувни гасови
  • “JUNG” (Германија) – Прекинувачи, домашна автоматика и хотелски системи